Ентериер
Terra
Сектор
Внатрешен дизајн
Локација
Аеродром, Скопје, Македонија
Година на проект
2021
Површина
45м2
Проектант
Архикс Студио
3Д визуелизации
Архикс Студио
Ентериерот Terra е дизајниран за брачен пар со префинет вкус и динамичен стил на живот. Изборот на доминантните материјали - дрво, затемнето стакло и ѕидна техника - 'рѓа ги отсликува нивните карактерни особини: смиреност, посветенст, софистициранот. Се чувствуваат комфорно во земјени тонови и текстури, што доведе до креација на Terra.
Просторна организација
Станот има четири простории: дневна, спална, ходник и бања. Дневниот простор, трпезаријата и кујната се последователно споени во просторна дневна соба. Ја одвоивме кујната со шанк и поставивме различно осветлување за трите зони. Поврзан е со ходникот преку дијагонален премин, кој води до бањата и малата спална соба.
Форми, материјали и текстури
Доминираат правоаголни форми, со акценти од решетки и кружни форми во дневната соба (маси и лустери). Во целиот ентериер се присутни 2 текстури: дрво- храст и темно сива иверка со груба површина. Централниот ѕид во дневната е издвоен со техника 'рѓа и вертикални дрвени решетки. Во кујната се додадени елементи од димено стакло, кои претставуваат медијатор помеѓу дрвото и темно сивата. Спалната, поради малата површина и заради подобра осветленост е освежена со комбинација од сјајна бела (плакар) и мат тиркизна текстура (тапацир на кревет, драперии, перници).
Осветлување
На веќе постоечкото вградено плафонско и скриено лед светло, се додадени лустери во дневната и трпезариската зона, додека кујната е осветлена со вградени светла кај шанкот и скриени светла во неколку линии. Дрвените решетки кај телевизорот се нагласени со скриено светло во горна зона. Во спалната, покрај лустерот и скриеното светло над креветот, е подобрена дистрибуцијата на дневна светлина преку поставување на две паралелни огледала, кои воедно визуелно ја зголемуваат површината.
Погледнете повеќе слики во галеријата