top of page
Aksonometrija Infographic SpineX by ArchX.jpg

SpineX
(Спајнекс)

Сектор

Архитектонско - урбанистички

идеен проект

Локација

Пластичарска Улица Скопје

Година на проект

2023

Конкурс

Скопје на новата генерација, од Europe House Skopje

Награда

трета награда

Проектант

Архикс Студио + Д. Митровска

3Д визуелизации

Архикс Студио

Проектот SpineX e архитектонски одговор на предизвикот поставен од конкурсот „Скопје на новата генерација“ организиран од Europe House Skopje,  на кој беше награден со трета награда.

Улицата позната како „Пластичарска“ (бул. Никола Карев), една од понудените локации за конкурсот, за нашиот тим беше евидентен и приоритетен кандидат за подобрување. Улицата е место со небезбеден сообраќај - и покрај големата фрекфенција на луѓе и возила ; место со заборавен идентитет - и покрај богатиот историски и локален контекст; пример на бетонска џунгла - каде единственото „зеленило“ се пластичните елки во продавниците;  и место на урбан хаос, кое не е пристапно за сите, каде не се почитуваат никакви правила и покрај добрата местоположба во градот и тоа што е една од портите на градот.

Architectural Competition Awarded Project Skopje Macedonia Pedestrian Bridge
Situacija so osnova2.jpg

Главната цел беше да се решат овие проблеми преку препознатлива и наметлива структура, која ќе му даде нов надграден идентитет (без да го потисне минатиот) на Скопје, нашето Скопје на новата генерација.
Според тоа, предизвикот кој си го поставивме го структуриравме во следниве аспекти:


 1. Безбедност:

Сообраќајниот хаос и „дивите“ пешачки премини да се решат со     обезбедување на точки за безбеден премин и одвојување на возила и пешаци 


 2. Мобилност:

Нова, безбедна и издвоена инфраструквтура за пешаци и велосипедисти, со што ќе се намали сообраќајниот метеж
   

3. Социјален и локален контекст:

Враќање на духот на стариот „Дуќанџик“ и  програмско поврзување со Стара Чаршија преку формирање на базар за рачно изработени работи. Збогатување на просторот со културни содржини за сите генерации (отворена галерија, отворена сцена), рекреативни простори (парк за деца и возрасни), јавни простори за социјализација, улична храна.
   

4. Пристапност:

Да се обезбедат еднакви можности за лицата со попреченост, преку рампи, лифтови и тоалети.
   

5. Одржливост:

Да се креира зелен појас и водени површини кои ќе ја намалат температурата на локацијата и да се обезбеди извор на зелена енергија. Да се обезбедат атрактивни простори за местото да живее.


6. Флексибилност и адаптибилност:

Предвидениот концепт лесно да може да се прилагоди на дел од улицата или да се прошири и понатаму. Да не ја наруши постоечката изградена структура и инфраструктура.
 

analizi.jpg

Композицијата на SpineX е производ на 4 генеративни елементи преку кои се решени сите гореспоменати предизвици:


     'Рбет (Конструкција): Примарната конструкција од големи бетонски столбови  (1х0.5м) поставени на 20м растојание и централна преднапрегната греда во  подолжен правец ја носи секундарната конструкција од префабрикувани бетонски  ребра поставени на растојание од 2 м. Ребрата се проектирани параметрички     (параметри: должина, лак и главна крива) и се различни меѓу себе, според  потребата да бидат отворени (сцена) или свиткани (настрешница) за програмата  која се наоѓа во тој дел. Оваа структура може да се издолжува или крати по  потреба поради својата сегментираност.
    Кули (Пристапни и напојни точки): Жолтите кули имаат 3 фунции: пристапна  (вдомуваат скали и лифтови), напојна (имаат соларни панели на кровот) и  комерцијална (разни пунктови за улична храна). Три од кулите имаат и санитарна  функција, од кои средишниот тоалет е за лица со посебни потреби. Кулите се нпоставени стратешки, на најфрекфентните „диви“ места за поминување кои ги  документиравме, за да претставуваат безбедна алтернатива. Од соларните  панели на кулите се напојува целиот мост.
   Зони: По поставувањето на главните појаси долж мостот, беа проектирани проширувања за вдомување на предвидената програма. Проширувањата се лоцирани над делови од улицата каде има доволно простор, за да не бидат  узурпирачки за веќе изграденото, и над парцели во државна сопственост. Предвидени се 2 зони за јадење и социјализација на двата краја на појасот, зона  за рекреација (фонтана и игралиште), уметничка зона (сцена и галерија) и шопинг  зона (базар на рачна изработка) 
   Појаси:  Како главни функционални елементи, се поставени патека за пешаци, патека за велосипедисти и појас на зеленило долж мостот. Појасите се потоа  испреплетени за создавање поживописно искуство од просторот. Појасот на зеленило е по централната оска заради намалување на напрегања.

preseci.jpg
Renderi 2.jpg
Renderi 1.jpg

Погледнете повеќе слики во галеријата

bottom of page