Ентериер
Ruby
Сектор
Внатрешен дизајн
Локација
Крива Паланка, Македонија
Година на проект
2021
2021
Површина
50м2
Проектант
Архикс Студио
3Д визуелизации
Архикс Студио
Ентериерот Ruby е дизајниран за четиричлено семејство кое не перстојува постојано во станот. Станот веќе беше опремен со кујна и два плакари пред почетокот на дизајнирањето. Црвената боја беше основниот избор на клиентот, за да ја отсликува нивната енергија и да евоцира мотивираност и посветенсост. Нивна желба беше максимално искористување на просторот, што го реализиравме преку мултфункционални простори и мебел.
Станот има четири простории: дневна, спална, кујна со трпезарија и бања. Во трпезаријата е поставен шанк на расклапање над кој се предвидени полици за мини енотека , трпезариска маса и ниша за седење чиј внатрешен дел е обработен со црвен сјаен медијапан.
Дневната соба е организирана со голема аголна гарнитура на распуштање. Во аголот има мала домашна библиотека. Доминираат сивата и белата боја, за смирување на постоечкиот црвен плакар.
Спалната соба има затворени полици по површината на целиот централен ѕид, каде се наоѓа и биро на расклапање кое може да се користи по потреба.
Бањата е со висечки елементи и вградено светло над мијалникот. Доминантен материјал е сива иверка со текстура, која се поврзува со постоечките бели плочки со мермерна текстура.
Балконот е претворен во пријатно катче за уживање во сонцето, со полици за растенија и висечки лустери. Заграден е со лизгачки стакла, за да може да се користи во секакви временски услови.
Погледнете повеќе слики во галеријата