Сакате да изградите помошен објект, гаража, базен, ограда или потпорен ѕид и не знаете што Ви е потребно? Во најголемиот дел од случаите кога сакате да градите некаков објект или дел од објект, Ви е потребно одобрение за градба (или доградба, надградба, реконструкција и сл.). Постојат специфични случаи, утврдени со закон, кога одобрение не е потребно, на пример потпорни ѕидови, помошни објекти и слично. СЕПАК, за овие градби е потребно да се поднесе барање за изведување, односно поставување, кое се добива со поднесување на соодветна техничка документација (проект), која ќе ја објасниме детално во следните постови, за секој од случаите. Техничката документација или проектот треба да биде изготвена од лиценцирано проектантско биро, како Архикс Студио, кое ќе ја води административната постапка.
Според Законот за градење, одобрение за градење не е потребно за следниве градби:
- градби со кои се овозможува и олеснува движењето на лица со инвалидност до и во градбата,
- при вградување и замена на опрема во градба која е во употреба заради проширување на капацитетот на градбата, а со која не се менува намената на градбата и просторијата во која е сместена опремата, нити се менуваат општите услови за заштита и спасување предвидени со основниот проект за градбата
- телекомуникациска опрема за интерен пренос на говор и слика, опрема во функција на заштита на градбата од кражби, заштита и спасување,
- огради,
- потпорни ѕидови,
- помошни градби кои се во функација на објект за домување или друг вид на објект и се градат на иста урбанистичка парцела (гаража со бруто развиена површина до 50 м2, остава, септичка јама и слично),
- настрешници во функција на објект,
- базени на ниво на терен за индивидуална употреба,
- подземни садови за комунален отпад,
- фото-напонски панели за производство на електрична енергија со максимален инсталиран капацитет до 1МW кои се поставуваат на објекти,
- електронски информативни и рекламни паноа (со површина над 30 м2 и со конструктивни елементи) кои се поставуваат на јавни површини,
- пешачки патеки,
- подземни бунари со линиски системи кои се во фукција на бунарите,
и други објекти наведени во Закон за Градење (согласно последни измени од 27/01/2020 година). За изведување на градбите односно поставување на опремата , инвеститорот поднесува барање за изведување односно поставување со потребна документација до општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје, на чие подрачје треба да се изведе градбата, односно да се постави опремата и решението го издава градоначалникот на општината, општината во градот Скопје односно градот Скопје.
За било какви консултации и совети контактирајте нѐ на некој од следните начини: - на телефонските броеви,
- на мејл : archx2020@gmail.com,
- Фејсбук ( Archx Studio)
- Инстаграм ( @archx_mk)
- преку контакт страната : https://archx.mk/contact
или посетете нѐ во нашето студио во Влае, зад Тинексот, на ул.„Сливовска“ 7-23 Тука сме за да го направиме овој процес полесен!
Comments