Доколку сакате да градите објект, да изменувате постоечки, или да извршувате било какви градежни активности на вашиот недвижен имот, потребна Ви е дозвола за градење (процесот за добивање го опишавме тука ). За да ја добиете, потребен Ви е Основен проект , кој се изработува врз основа на документација од постојна состојба (извод од катастарски план и имотен лист) и плански одредби (Извод од Детален Урбанистички План).
Со изводот од ДУП ги добивате законските услови за градба на вашата парцела, текстуално и графички објаснети. Изводот опфаќа многу параметри (површина на градење, влез, паркирање, максимална висина на градба итн.). Едно од најчестите прашања кои ги добиваме како архитекти, при консултации за архитектонски проект, се однесува на површината за градење на парцелата, разговорно познато како „ маркица “.
Површината за градба е ограничена со градежна линија (црна дебела линија означена со ГЛ). Градежна линија е планска одредба која претставува граница на површината за градење во градежната парцела и ја дефинира просторната граница до која градбата може да се гради. Може да се пречекорува само по одредени законски одредби. Површината за градба е всушност просторот во кој Ви е дозволено да го градите објектот. Оваа површина не може да се поместува, проширува, да се менува нејзината форма, да се зголемува нејзината површина и слично. Објектот не мора да ја зафаќа целата површина за градење, што е регулирано со дополнителни услови како коефициент на искористеност и број на паркинг места во парцела. Сепак, секоја парцела има посебни услови, така што е најдобро да се консултирате со архитект пред да ја добиете замислата за тоа што сакате да го градите. Архикс Студио Ви стои на располагање за какви консултации и совети за архитектонски проекти! Контактирајте нѐ на некој од следните начини: - на телефонските броеви,
- на мејл : archx2020@gmail.com,
- Фејсбук ( Archx Studio)
- Инстаграм ( @archx_mk)
- преку контакт страната : https://archx.mk/contact
или посетете нѐ во Архикс Студио во Влае, Скопје, зад Тинексот, на кеј, на ул.„Сливовска“ 7-23. Тука сме за да го направиме овој процес полесен!
Во следните статии ќе Ви објасниме што значат и другите параметри на Деталниот Урбанистички План, кои ги добивате со Изводот од ДУП. Следете нѐ!
Commentaires