Имате недвижен имот и сакате да почнете со некаков тип на градежни активности - веќе сте се информирале во локалната самоуправа дека може тоа да го сторите, сте се информирале што Ви е потребно за одобрение за градба на нашиот блог пост и сега сакате да нарачате проект. Вам Ви е потребен Основен Проект, изработен од Архикс Студио - фирма која поседува лиценца за проектирање на градби . Основниот проект, во зависност од типот на градежни активности кои ги планирате, може да биде:
Основен проект за градба - ако немате никаков објект на површината на која сакате да градите и новиот објект ќе се планира од темел до кров
Основен проект за надградба - ако веќе имате постоечки објект, меѓутоа сакате да градите над него, односно да го зголемите објектот во висина без да излегувате странично од габаритот. Ова е можно само доколку не ја надминувате дозволената висина и катност вцртана во деталниот урбанистички план.
Основен проект за доградба - ако веќе имате постоечки објект, меѓутоа сакате да го проширите странично, односно да го зголемите странично габаритот без да ја менувате висината на објектот. Ова е можно само доколку не ја надминувате дозволената ПОВРШИНА ЗА ГРАДБА вцртана во деталниот урбанистички план.
Основен проект за реконструкција - ако веќе имате постоечки објект, меѓутоа сакате да менувате носечки конструктивни елементи (скали, столбови, плочи итн).
Основен проект за адаптација - доколку имате постоечки објект во кој ќе менувате само неносечки елементи, кои не го менуваат габаритот и надворешниот изглед на објектот воопшто.
Основен проект за пренамена - доколку имате постоечки објект за кој сакате да ја смените основната функција (пр. куќа - канцеларија, или канцеларија - работилница и слично).
Освен овие постојат и други типови на проекти кои поретко се користат, што ќе ги објасниме во некој следен пост. ВАЖНО е дека овие проекти може да се комбинираат, пример доколку планот Ви дозволува и сакате да го проширите објектот и да изградите уште еден кат, може да нарачате Основен проект за Реконструкција, Доградба и Надградба.
За било какви консултации и совети контактирајте нѐ на некој од следните начини: - на телефонските броеви,
- на мејл : archx2020@gmail.com,
- Фејсбук ( Archx Studio)
- Инстаграм ( @archx_mk)
- преку контакт страната : https://archx.mk/contact
или посетете нѐ во нашето студио во Влае, зад Тинексот, на ул.„Сливовска“ 7-23 Тука сме за да го направиме овој процес полесен!
Во следните статии ќе Ви објасниме што значат параметрите на Деталниот Урбанистички План, кои ги добивате со Изводот од ДУП. Следете нѐ!
Comments