Ентериер
Orchid
Сектор
Ентериер
Локација
Аеродром, Скопје
Година
2024, изведен
Површина
60м2
Дизајн на ентериер
Архикс Студио
3д визуелизации
Архикс Студио
Инвеститор
приватен
Ентериерот Orchid беше нарачан од нашата прекрасна клиентка, бизнис жена со одличен вкус која точно знае што сака, за своите родители. Целио т процес на креација беше брз и едноставен поради одлучноста и стилот на нашата клиентка, што резултираше со динамичен и елегантен ентериер, кој исполнува со свежина.
Станот има две спални, дневна со кујна и трпезарија и бања, со одлично природно осветлување. Палетата на бои ја дефиниравме од самиот почеток - бела, sage зелена, fuchsia, и слонова коска, во комбинација со дрво со нијанса храст.
ДНЕВНА СОБА
Днeвната соба е компактен простор со трпезаријата и кујната. Ѕидот на телевизорот се истакнува како фокусна точка, со тоа што е обоен во нежна зелена sage боја, а страничниот ѕид, кој е ударен при влегување е обложен со тапет кој беше дизајниран специјално за овој простор.
Трпезаријата е истакната како функционален простор со ѕидни кит-кат панели со текстура на дрво во продолжение на трпезариската маса. Кујната, имаше видлива греда на средината, која ја затворивме со дрвена облога, каде поставивме лента лед светло засечена во самата облога, со што добивме визуелна компактна целина.
На влезот од десната страна е поставен шкаф за кондури и алишта со простор за седење.
Спалната соба е едноставна, со полица вклопена во нишата која се јавува во левиот агол на ѕидот. Оваа соба добива динамичен карактер со додавање на апстрактен мурал на ѕидот зад креветот во светло розова и зелена боја.
Погледнете повеќе слики во галеријата