top of page
interior living room chic metropolitan industrial design.jpg

Ентериер
Metropolis

Сектор

Ентериер

Локација

Аеродром, Скопје

Година

2024

Површина

55м2

Дизајн на ентериер

Архикс Студио

3д визуелизации

Архикс Студио

Инвеститор

приватен

Ова е стан наменет за двајца студенти со можност во иднина лесно да се пренамени во фамилијарен стан. Со таа цел ентериерот е уреден во модерен комбиниран стил на елементи на скандинавски и индустриски стил, што прави одличен баланс кој зрачи со авангардност. Белите нежни тонови, кои беа желба на клиентот го прават просторот префинет и софистициран, додека индустриските елементи даваат карактер на просторот кој асоцира на современите станови во Њу Јорк.

interior dining room chic metropolitan industrial design.jpg
interior living room chic metropolitan industrial design tv wall.jpg
interior living and dining room chic metropolitan industrial design.jpg

Просторна композиција

Карактеристично за овој стан е неговата позиција во самата зграда, на аголот на Г-форма. Ова нуди прекрасен отворен поглед и добро осветлување, но формата на станот е трапезна - има една коса страна. Важно за нас беше најдобро да го искористиме просторот без да има „мртви“ агли кои се тешки за чистење и се неискористени. 

Во станот најпрво се влегува во хол кој води до дневната соба и трпезаријата. Кујната е мала, но рационално решена со сите неопходни функции. Од спалната се излегува на балкон кој го трансформиравме во мала зелена „оаза“ идеална за одмор и релаксација. 

interior kitchen and living room chic metropolitan industrial design.jpg
interior entryway chic metropolitan soft design.jpg

Форми материјали и текстури

Индустрискиот дизајн беше вистинскиот чекор при дизајнирање за двајца млади, со тоа што оддава чувство на урбан и кул дизајн. Маслинестата боја, бронзените детали и дрвената текстура се совршена комбинација за добивање на ваков амбиент.

Користевме иверки во беж боја и дрвена текстура кои се поедноставни, за да се даде акцент на маслинестата боја. Столбовите се обложени со дрвени вертикални летвички кои го прават просорот визуелно повисок.

Косиот дел во бањата е искористен за покомотна туш - кабина, додека во спалната на тој ѕид ги поставивме двата кревети и плакарот над нив. На овој начин се овозможува да имаат убава работна површина која им е потребна на студентите.

interior student bedroom siblings chic metropolitan industrial design.jpg
interior bathroom bronze and white chic metropolitan industrial design basin.jpg

Бањата е дизајнирана со нежни мермерни тонови во комбиација со бронза и дрво, а додадени се и ѕидни техники на ѕидот кај огледалото во влезниот хол и во ѕидот со телевизорот во спалната соба, двете се во техника теракота.

Во ентериерот фигурираат заоблени форми кај трпезариската маса, лустерите како и огледалото во влезниот хол, иако доминантно формите се прави.

interior student bedroom siblings desk detail chic metropolitan industrial design.jpg
interior balcony chic metropolitan industrial design.jpg

Погледнете повеќе слики во галеријата

bottom of page