Ентериер
Mercury
Сектор
Ентериер
Локација
Карпош, Скопје
Година
2021
Површина
73м2
Проектант
Архикс Студио
3д визуелизации
Архикс Студио
Мercury е стан на двајца млади, забавни и амбициозни луѓе, кои обожаваат растенија и кучиња, работат од дома, имаат интересни хобиа и сакаат нивниот дом да зрачи удобност и свежина.
Затоа, креиравме ентериер кој во многу инстанци е погоден специфично за нив! Идејата од самиот старт беше да создадеме еден релаксиран, бохо простор, со многу растенија, светлина и добро искористен простор.
ДНЕВНА СОБА
Дневната соба е со светол мебел кој е голем и удобен, на кој контрастно се поставени мали, лесни масички и полици со дрвена плотна и метални нигарки.
Освежена е со пастелна светло зелена боја на ѕид (фокусниот ѕид), и монохроматски уметнички на двата ѕида. Освен амбиентално осветлување со спуштен плафон и плафонски рефлектори, има две ламби од двете страни на троседот за акцентно осветлување.
Ѕидот на телевизорот е со текстура на сива цигла.
ТРПЕЗАРИЈА
Трпезаријата е централно поставена и претставува спој меѓу дневната,кујната, канцеларијата и влезниот простор. Затоа е акцентирана со кружна маса, спуштен плафон обоен во окер боја и висечки лустер.
РАБОТНА СОБА
Подигната на повисоко ниво во однос на другите простории, одвоена само физички, но не и визуелно, со авангардна полица која претставува еден вид на динамична преграда, која постојано може да го менува својот изглед.
Работната соба, за двајца програмери и гејмери, е со долго едноставно биро и амбиентални светла во боја за футуристички изглед.
ВЛЕЗЕН ПРОСТОР
На самиот влез во станот дочекува вибрантна сцена со пастелно жолт ѕид, и голем шкаф за обувки кој истовремено претставува структурално огледало, кој ја отсликува целата трпезарија. Насочената светлина на рефлекторите на шина додава на филмскиот ефект кој се добива. Зад вратата е поставена уметничка слика под која има функционална клупа на отклапање која се употребува при облекување обувки.
КУЈНА
Едноставна и со доминантна дрвена текстура, кујната оддава скандинавска слика. За да се постигне контрастот и драматичноста кој го има трпезаријата, горната лента на елементи е во мат црна боја, со Optimatt панели на кои не се познаваат отпечатоци од прсти. Кујната е осветлена со 4 рефлектори на шина кои лесно можат да се насочат во било која насока по потреба. Има антрацитен гранитен мијалник кој се вклопува во играта на текстури наместо бои.
БАЊА
Обложена со темно сиви плочки со гранитна текстура, во комбинација со дрво и скриено светло зад големото кружно огледало кај мијалникот, бањата изгледа луксузно иако е мала. Машините за перење и сушење и болјерот се скриени во плакар помеѓу вц школката и туш кабината, која е обложена со плочки со дрвена текстура. Мијалникот е тип корито, а вц школката е висечка, со скриено казанче.
САУНА
На задниот дел на бањата е семестена сауна која е целосно обложена со дрво. Плафонот е обложен со брановидни дрвени елементи. По целата должина на сауната има лента од скриено ЛЕД црвено светло кое дава мистична атмосфера.
СПАЛНА
Спалната е храбра и впечатлива, со темно портокалова доминантна боја. Зад големата спална има голема наткасна која е простор за складирање и каде се скриени штекери и ноќни светла. Во аголот кај прозорецот има катче за читање со мала библиотека и отоман поставен во нишата, кој се користипо потреба и во катчето за припремање, каде има големо огледало и полици, врамени со скриени светла, кои ја истакнуваат сјајната портокалова позадина.