top of page
1an.jpg

Енергетски ефикасна фасада за
 

Куќа
Insignis

Куќа
Insignis

Сектор

Редизајн на фасада

Локација

Скопје,

Македонија

Година на проект

2022

Буџет

Проектант

Архикс Студио

3Д визуелизации

Архикс Студио

Лоцирана во централно градско подрачје, во резиденјцијална населба Козле, во Скопје - фасадата на куќата Insignis е совршена композиција која нуди баланс на бои, светла и материјали.

Тоа и беше главната инспирација за Insignis фасадата - композиција која плени со својот поглед движејќи се по улицата и се одвојува од другите. Главен фокус на фасадата е истата да биде енергетски ефикасна и еколошки свесна ,токму тоа е иднината во проектирањето.

Energy Efficient Modern Facade House Redesign
3an.jpg
Energy Efficient Modern Facade House Redesign With Wooden Tiles

Куќата е проектирана во 2000тите години со архитектонски стилски елементи што го следат трендот на своето време.

Задача на дизајнерскиот тим на Архикс Студио беше без поголеми промени на структурата да го адаптираат стилот на денешните трендови.

Затоа со употреба на контрастни бои во комбинација со плочки со текстура на дрво тимот ја истакна композицијата на куќата и и даде современи стилски елементи.

Lighting Concept plan for Energy Efficient Modern Facade House Redesign
Energy Efficient Modern Facade House Redesign  arcade

Има два типа на осветлување: линиско и акцентно, кои посебно функционираат.

Линиското осветлување е поставено под сите еркерни елементи и под страничната колонада од столбови за да се истакнат испакнатите елементи. 

Акцентното осветлување е решено со двострани рефлектори кои се поставени на полињата покриени со плочките со текстура на дрво, за да се истакне материјалноста.

Испакнатите елементи се со темна боја за да се нагласи нивната тежина и да се добие илузија на лебдење.

Previous 

Next

bottom of page