Реставрацијата на куќа од 60тите беше голем предизвик со тоа што старата конструкција ја преведовме на нов јазик. Мирната резиденцијална околина и местоположбата на градското ридче имаа клучна улога во содавање на оваа урбана вила.
Чистите површини, големите прозорски отвори и ортогоналните форми го обликуваа модернистичкиот стил на оваа куќа. Влезот е повлечен назад под влезниот трем кој е дефиниран со два челични столбови. Десно од нив има скали кои водат до горниот чардак.
Погледнете повеќе слики во галеријата
Соодветно на оригиналниот план и конструкција, распоредот на просториите останува главно ист, при што претходната трпезарија и дневна зона се споени во пространа дневна соба.
Сепак, конструктивните елементи се појачани, а ѕидовите, подовите и плафоните се целосно заменети.
Новиот изглед е збогатен со аголни прозорци, дрвени облоги на хоризонталните површини и трем со брисолеи над чардакот.
Само мал дел од предниот двор е наменет за паркинг, а остатокот е прекрасен тревник опкружен со градинарска ограда за заштита на приватноста, со оглед на близината на улицата.