ЕнтериерКуќа
Модерна
Сектор
Резиденцијален + ентериер
Локација
Крива Паланка
Година
2020
Површина
160м2
Проектант
Архикс Студио
3д визуелизации
Архикс Студио
Реставрацијата на куќа од 60тите беше голем предизвик со тоа што старата конструкција ја превед овме на нов јазик. Мирната резиденцијална околина и местоположбата на градското ридче имаа клучна улога во содавање на оваа урбана вила.
„Модерна“ е куќа за млад пар, кој не живее постојано во куќата, само повремено престојува - нивно удобно катче во закрила од брзото секојдневие. Ентериерот го отсликува токму тоа : удобност, релаксираност, место за одмор и уживање со чаша вино во вечерните часови или заедничко готвење за викенд во големата, светла кујна со остров.
Акцентен елемент во дневната соба е каминот, во модерна варијанта- застаклен и обработен со мат црна боја. Централниот ѕид со телевизорот е обработен со шкафови и полици, со боја на мед и дрвена текстура. Дел од таваницата не е покриен со гипс, за истакнување на убавината на оригиналната меѓукатна конструкција. Спојот на материјалите, оригиналната таваница и каминот прават поврзаност меѓу традиционалното и современото, во еден транзиционален стил на ентериер.
Трпезаријата е споена со дневната соба, со трпезариска маса за 8 луѓе и мала винотека.
Кујната е просторна и решена со остров, со изобилие од светлина од големите прозорци. Тука повторно се јавува дел од оригиналната таваница.
Спалната соба е помала, па направивме решение за поставување на телевизорот на челични шипки пред плакарот, со што телевизорот не смета во отварање на плакарот, а едновремено е поставен на најповолна позиција. Таванот е обоен со темна боја за визуелно проширување на просторот. Спалната го следи стилот на целиот ентериер - транзиционален стил со дрвени текстури, боја на мед и темно сива.
Погледнете повеќе слики во галеријата