Ентериер
Freya
Сектор
Ентериер
Локација
Крива Паланка, Македонија
Година
2022, реализиран
Површина
70м2
Дизајн на ентериер
Архикс Студио
3д визуелизации
Архикс Студио
Инвеститор
Приватен
Ентериерот Freya е дизајниран за млад брачен пар со елегантен и нежен пристап кон дизајнирањето на овој простор. Јасно се гледа афинитетот кон таканаречениот “Japandi” (јапонски+скандинавски) стил, кој е многу актуелен избор кај младите.
Овој стил е карактеристичен по своите светли тонови во комбинација со дрвена текстура.
Светлите тонови имаат различни текстури, што додава „нова димензија“ и длабoчина на просторот.
Просторна организација
Станот има шест простории: дневна со кујна и трпезарија, влезен ходник, бања и спална соба и две помали соби. Ја одвоивме кујната со шанк, додека покрај прозорецот во трпезаријата совршено во нишата се вклопи простор за релаксација во вид на мала библиотека. Додека од другата на трпезаријата е поставена винотека во вид на мини-бар.
Форми, материјали и текстури
Формите во овој ентериер се доминантно прави и едноставни со додавање на некои заоблени елементи како малите масички во дневната како и лустерите. Има две текстури на иверка, бела сјајна и дрво- храст. Ѕидните површини се бели, со исклучок на ѕидот во дневната кој е направен со ѕидна техника која имитира бетон. Просторот е збогатен со додавање на вертикални дрвени решетки, а дополнителна свежина додаваат растенијата и нежната зелена боја која акцентира одредени површини. Драпериите пак се во светло сива боја, со цел да ги врамат отворите во просторот.
Осветлување
Просторот има добра осветленост од повеќе страни што допринесува на квалитетот на живеење. Природната светлина ги потенцира различните текстури и прави просторот да има потопол и пријатен амбиент. Елементи како винотеката и телевизорот се истакнати со топло скриено лед светло, за нежна, посмирена атмосфера. Спот-светлата се употребени како функционални, над спалната соба и во нишата за читање.
Погледнете повеќе слики во галеријата