Сендвичара
Melt
Сектор
Комерцијални
Локација
Крива
Паланка
Година
2022
Површина
40м2
Дизајн на ентериер
Архикс Студио
3д визуелизации
Архикс Студио
Инвеститор
приватен
Сендвичарата Мелт, во центарот на градот Крива Паланка, е едно ново и модерно освежување на гастрономската мапа на градот, за љубителите на брза храна.
Излегувајќи директно на главната улица, овој комерцијален простор има предна фасада целосно во стакло. Просторот беше компактен, со тоалет во задниот дел.
Просторна композиција
Го поделивме просторот на половина на дел за вработени и дел за муштерии, односно ги сместивме кујната и шанкот за нарачки и плаќање од десната страна, а мензата од левата страна.
Се влегува помеѓу шанкот и масите, каде што е оставен доволно простор за чекање, како и за поминување до тоалетот.
Мензата е визуелно одвоена со вибрантна жолта боја, со три високи дрвени маси кои се „прелеваат“ на ѕидот и плафонот, каде се сместени лустери над секоја и се истакнати со скриени лед светла. Помеѓу нив се поставени огледала за визуелно зголемување на просторот. Изборот на жолтата боја (вклопен со самиот бренд) е совршен за ресторан за брза храна, заради своите психолошки ефекти -поттикнува апетит, зголемува енергија и расположение и поттикнува социјализација- така што сендвичарата Мелт е совршено место за појадок со Вашите пријатели!
Погледнете повеќе слики во галеријата