Ентериер
Elysian Waves
Сектор
Ентериер
Локација
Солун, Грција
Година
2023, во изведба
Површина
120м2
Дизајн на ентериер
Архикс Студио
3д визуелизации
Архикс Студио
Инвеститор
Stay Nestaway
Еlysian Waves е дизајн кој го истакнува приморското опкружување на локацијата на која се наоѓа. На самото шеталиште на живописниот Солун, близината до морето на овој стан Ви овозможува не само прекраен поглед на морето, туку и будење на сите сетила преку звукот и мирисот на Егејот.
Целата аура на ентериерот потсеќа на крајбрежје. Пастелни бои, со доминација на бакарни, песочни и пастелни сини тонови, без премногу елементи кои го натрупуваат просторот, прават овој просторен стан од 120м2 да оддава слика на смиреност и елеганција, какви што можете да почуствувате само крај море!
Станот има просторна дневна со кујна и трпезарија, три спални соби, две бањи и долг балкон со прекрасна виста. Во сите простории плафоните се високи, што додава на квалитетот на просторот.
ДНЕВНА СОБА
Дневната е главното случување во ентериерот. Поставена челно од влезот, пречекува со едноставни, но луксузни елементи и нежна пастелна сина боја на главниот ѕид и софата, во комбинација со гранитна маса и две фотељи. Декорациите се избрани за да евоцираат поврзаност со античката и современата грчка култура. Осветлувањето е акцентно со топла светлина.
ТРПЕЗАРИЈА
Челно од дневната, вниманието го краде трпезаријата. Поставена пред прозорец кој совршено го врамува погледот, дефинирана е со ненаметлива трпезариска маса и столчиња, со метална црна полица од левата страна која поставува рамнотежа со својата вертикалност.
КУЈНА
Кујната е одвоена со голем низок шанк во кој се сместени кујнски елементи и може да служи и како работна површина. Кујната е просторна и бела, со прозорец од десната страна, кој дополнително го оплеменува просторот со дневна светлина.
СПАЛНИ СОБИ
Трите спални се во сличен стил. Повторно главните елементи на дизајн се пастелните сини или песочни бои на ѕидовите, во комбинација со едноставни спални кревети и плакари. Во спалните соби, уметничките дела избрани за ѕидовите се поскромни и ненаметливи, со само инсинуирање на поврзаноста со грчката култура, за да не го направат просторот драматичен. Спалните имаат поглед на море.Светлината е акцентна, како и во остатокот од станот.
БАЊИ
Бањите се доминантно светли и со чисти форми, без поделби на просторот. Во поголемата бања има када, а во помалата туш. Единствена текстура која се јавува се мермерните плочки. Светлината овде е атмосферска, со елементи на спуштен плафон и скриено светло.
БАЛКОН
Вишната на шлагот е прекрасниот, долг балкон, кој е уреден така што ги нуди сите удобности како и мала градина. Покриен е со вештачка трева и платформи налик на дрвен под. Просторот е максимално искористен со мали елементи за седење и уживање во звукот, мирисот и погледот кон Егејското Море.
Погледнете повеќе слики во галеријата