
Библиотека
СОУ „Ѓорче Петров“ -
Крива Паланка
Сектор
Јавни површини
Локација
Крива Паланка
Година
2023
Површина
60м2
Дизајн на ентериер
Архикс Студио
3д визуелизации
Архикс Студио
Инвеститор
СОУ „Ѓорче Петров“
Интересен предизвик за нас како архитектонско студио беше дизајнот на оваа училишна библиотека. При дизајнот на овој ентериер клучни беа два фактори: мултифункционалност и модуларност. Ова е простор кој учениците на гимназијата често го користат и поминуваат доста време тука, па затоа и сакавме да го направиме што попријатен и релаксирачки просторот тука. Целта на овој простор беше да стане еден мал младински центар за учење, читање и оддржување на настани и презентации.




Форми, текстури, бои
Формите варираат од поригидни до аморфни во зависност од нивната намена и во кој дел од просторот се поставени. Првиот вид на работни маси се во форма на трапез и се поставени во долгиот тесен дел покрај книгите, додека другите се во флуидни форми и стојат во поотворениот дел кај влезот на библиотеката. Текстурата на дрвото додава на чувството на попријатен ентериер кој дава чувство на дом и дополнително одлично се комбинира во случај кога во еден ентериер има повеќе бои. Со цел просторот да не биде пресериозен и монотон, додадовме растенија и вибантни нијанси на жолта, розова и портокалова. Во истите бои е насликан мурал на централниот ѕид на библиотеката.



Модуларност и функционалност
Првиот тип на маси кои се трапезни имаат можност да се постават континуирани една до друга и да формираат една долга конференциска маса погодна за состаноци. Друг случај е истите да бидат поделени и да се користат индивидуално. Истите може и да се стават една во друга кога е потребно тој простор да биде слободен за движење, можат да се групираат по две и да формираат шестоаголник (работа во помали групи), да се стават една до друга во форма на полукруг (за презентации) итн. На овој начин формираме различни сценарија со истиот мебел.
Вториот тип на маси се аморфните фор ми. Овие маси во самата своја конструкција имаат полици кои овозможуваат простор за повеќе книги. Во истата конструкција влегуваат и табуретките со цел да не пречат на движењето во просторот. Заоблувањата на масите се детално размислени и пресметани така да може на нив да се работи индивидуално, во помали и поголеми групи.
Полиците за книги ги направивме во вид на рамки со цел најдобро да се искористи просторот и да може библиотеката да иа што поголем опус на книги. Во самите полици се поставени полукружни лежаи идеални за читање и релаксација. Самите полици се затворени со лизгачки врати во форма на вертикални дрвени летвички, што го издолжува визуелно просторот. Полиците ги поставивме нормално на прозорците за да продира што е можно повеќе природна светлина, додека покрај прозорците има простори за седење кои гледаат кон пејсажот околу гимназијата.


Погледнете повеќе слики во галеријата