Ентериер
Аqua
Сектор
Внатрешен дизајн
Локација
Илинден, Скопје, Македонија
Година на проект
2021
Површина
45м2
Проектант
Архикс Студио
3Д визуелизации
Архикс Студио
Ентериерот Aqua е инспириран од пријатниот карактер на младиот, амбициозен човек за кого е дизајниран. Станот има пет единици: дневна со кујна и трпезарија, спална, детска соба, ходник и бања. Стилот на уредување е современ со примеси на mid-century стил.
Дневна соба
Дневната соба е динамична, со поделба на светли и темни полиња изработени од гипс картон, кои продолжуваат на плафонот, каде претставуваат основа за скриено светло. Светлите полиња ги означуваат зоните на дневниот престој, трпезаријата и шанкот, додека темните полиња се меѓу-простор. Единствената боја која го освежува просторот, е војничко зелената поставка од тросед и све фотелји. Доминираат бела и антрацит боја, во комбинација со дрвена текстура во храст нијанса.
Кујна и трпезарија
Кујната е споена со трпезаријата и дневната соба. Поради оддалеченоста од прозорецот и недостатокот на светлина, кујната е бела, голема кујна со шанк, кој повеќе физички, отколку визуелно го дели просторот. Осветлена е со висечки лустери над шанкот и скриено светло под елементите
Трпезаријата е со дрвени елементи со метални ногарки, изгледа лесно и елегантно и не го оптеретува просторот.
Спална
Спалната е прилично светла, што дополнително се нагласи со поставување на огледало на спротивниот ѕид од прозорецот, па имаше услови за врамување на елементите со темни површини во боја на антрацит. Креветот е со ниска дрвена основа и висок душек. Дрвото продолжува и на ѕидот, се комбинира со антрацит и потоа се превиткува и на плафонот, отсликувајќи ги полињата од дневната соба. Спротивниот ѕид со телевизорот е обработен на ист начин.
Детска соба
Детската соба дизајнирана по ергономски мерки на дете, со ниски шкафчиња и полици лесни за дофат за децата. Има два кревети поставени на спрат и мала работна маса. Низ целата соба како декорации се поставени едукативни елементи.