top of page
ArchX Studio Office Space in Skopje

АРХИКС Студио

Нашето студио за Архитектура и Дизајн работи во областа на проектирање и ентериер. Нашиот тим го сочинуваат двајца сениор и двајца џуниор архитекти, кои се специјализирани за различни аспекти. Особен интерес имаме во областа на одржливост и енергетска ефикасност и нашата цел е да им понудиме на клиентите современи и паметни решенија во таа насока.

Проекти и услуги

Oсновен Проект 
за добивање одобрение за градба

Проект потребен за добивање на дозвола за градење во општина или друга надлежна институција:
-Основен проект за градење
-Основен проект за реконструкција
-Основен проект за доградба
-Основен проект за надградба
-Основен проект за пренамена
-Основен проект за адаптација

 

Проектот може да ги содржи следниве фази, во зависност од типот и потребите:
-Архитектонски проект
-Градежно-конструктивен проект 
-Електротехнички проект 
-Проект за водовод и канализација
-Проект за машинска опрема и инсталација 
-Проект за противпожарна заштита 
-Други специјализирани проекти и елаборати

Идеен проект и основен проект фаза архитектура
Проект со 3Д моделирање и рендери

3Д моделирање и рендери
- фото и видео

Одличен проект доколку сакате да видите како би изгледал во реалност Вашиот простор, пред да почнете со изведба, или доколку имате дилеми околу изборот на материјали и нивни комбинации.  Реалистични фото или видео прикази од вашиот објект или ентериер, со користење на материјали и мебел по Ваш избор или по наш предлог, кои се достапни на пазарот и за кои можеме да Ви предложиме соодветни фирми за набавка и изведба

Проект за ентериер и внатрешно уредување

Проект за ентериер

Комплетен дизајн на ентериер со технички цртежи , визуелизации (реалистични фотографии) и предлог за материјали и изведувачи.. Нудиме различни пакети за проектот  според степенот на обработка и цената која  Ви одговара, како и понуда за надзор и наоѓање на екипи за изведба - до комплетна реализација на ентериерот.

Идеен Проект 

Идеен архитектонски проект е првата фаза од архитектонското проектирање. Тој содржи геометриски проекции, димензии и спецификација на сите архитектонски елементи од кои се состои градбата, кои се потребни за потврдување на усогласеноста на идејниот проект со потребите на инвеститорот и условите за градење.

Проект за поставување урбана опрема

Проект потребен за издавање на Одобрение за поставување на урбана опрема (тераса) на јавна површина - од општина или друга надлежна институција.

Основен Проект за градба
bottom of page